ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА УПИС ВО I (ПРВО) ОДДЕЛЕНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2024/2025 ГОДИНА ВО ООУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ – ВЕЛЕС

Општинското основно училиште „Блаже Конески“ – Велес, Ве известува дека запишувањето на деца во I (прво) одделение ќе биде во месец мај 2024 година односно секој работен од 1 до 31 мај од 8 до 16 часот.

Во прво одделение се запишуваат деца кои до крајот на календарската 2024 година ќе наполнат шест години односно се родени во 2018 година. По исклучок, во прво одделение може да се запишат и деца кои ќе наполнaт шест години до 31 јануари наредната 2025 година односно се родени до 31 јануари 2019 година, по претходно поднесено Барање од родителот/старателот и добиено Мислење од педагогот или психологот во Училиштето.

Сите деца кои припаѓаат на реонот на ООУ „Блаже Конески“ – Велес, на домашна адреса ќе добијат Покана со закажан термин за опсервација, на кој треба да се придржуваат.

На денот на опсервацијата треба да се донесат следните документи:

  • Копија од извод на матична книга на родените;
  • Потврда за примени задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа;
  • Потврда за стоматолошки преглед на детето издадена од надлежна здравствена установа;
  • Потврда од извршен офтамолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа;
  • Доказ дека според местото на живеење, припаѓате на реонот на ООУ „Блаже Конески“ (копија од лична карта);
  • При запишување на дете со попреченост во прво одделение родителот/старателот е должен да достави мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.

 

Сите родители/старатели на деца за упис во прво одделение кои не добиле Покана за опсервација на домашна адреса, а живеат на реонот на ООУ „Блаже Конески“ – Велес до 10.5.2024 година треба да дојдат во просториите на Училиштето и да пополнат Пријава за упис или истата Пријава да ја пополнат електронски, да ја потпишат и скенирана да ја испратат на [email protected]. По поднесувањето на Пријава за упис, Училишната комисија ќе ги контактира и ќе ги извести родителите/старателите за термин за опсервација.

Пријавата за упис може да ја симнете ТУКА или испечатена да ја подигнете од главниот влез на Училиштето.

 

*ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА

  • Се информираат родителите/старателите кои според местото на живеење, не припаѓаат на реонот на ООУ „Блаже Конески“ – Велес, а имаат потреба да го запишат детето во Училиштето, задолжително треба да достават Согласност од училиштето во чиј реон припаѓаат и поднесат Барање за согласност за упис во ООУ „Блаже Конески“ – Велес. Училишната комисија ќе ги разгледа документите, ќе ги контактира родителите/старателите и ќе ги извести за опсервација на детето, само доколку во училиштето има слободни места за запишување во прво одделение.

Барањето за согласност за упис во ООУ „Блаже Конески“ – Велес може да го сименете ТУКА или испечатено да го подигнете од главниот влез на Училиштето.

 

  • Улици кои припаѓаат на реонот на ООУ „Блаже Конески“ – Велес:

 

  • „Стеван Бобевски“;
  • „Киро Ќучук“;
  • „Тодор Јанев“;
  • „Никола Вапцаров“;
  • „Бане Андреев – Ронката“;
  • „8ма Велешка Бригада“;
  • „Лазо Осмаков“;
  • „Пајак Планина“;
  • „Мирка Гинева“;
  • „Костурска“;
  • „АндрејаДамјанов“ (Костурска 2);
  • „Лазо Трпковски“;
  • „Сараевска“;
  • „Андон Шулев“;
  • „Костадин Бодин“;

 

  • „Љубљанска“;
  • „Ризо Ризов“;
  • „Даре Џамбаз“;
  • „Рилски Конгрес“ (Игманска);
  • „Орце Мартинов“;
  • „Самоборска“;
  • „Петре Алчев“;
  • „Васил Ѓоргов“;
  • „Милан Страчков“;
  • „Тодор Ацев“;
  • „Илија Климкаров“;
  • „Алексо Демниевски-Бауман“ парни броеви од 2-16 и непарни броеви од 1-39;
  • „Димче Мирчев“;
  • „Солунска“;

 

  • „Гаврило Радомир“ (Титова Кореничка);
  • „Коле Дрнков“;
  • „Страшо Пинџур“;
  • „Гоце Делчев“;
  • „Благој Нечев“;
  • „Никола Оровчанец“;
  • „Кукушка“;
  • „Скопска“;
  • „Трајко Панов“;
  • „Благој Абрашев“;
  • „8ми Септември“ (Маршал Тито) непарни броеви од 1 55 и парни броеви од 2 до 36 и
  • „Благој Ѓорев“ непарни од 1-99 и парни од 2-34

 

 

Директор

________________

Јованче Манасков