Секој народ остава белег во записите на генерациите. Само така се негува духот како огледало на културното живеење. Пишувајќи ги страниците на новата историја, колку и да се обидуваме не можеме да го избришеме минатото. Тоа е дел од нашата традиција. Тоа е дел од нашиот бит вткаен во длабоките корени и во духовните вредности.
Нашето училиште слави 42 години исполнети со многубројни успеси, преобразби, менувања, падови и воздигнувања. Славиме 42 години успешна приказна, 42 години постоиме, создаваме постигнуваме.
42 години, „Новото школо“, како што го нарекуваа, нашето училиште е храм на мудроста и ризница на знаењето. Со гордост можеме да кажеме дека нашето училиште беше, е и ќе биде предизвик и привилегија и за учениците и за родителите и за вработените кои го носат товарот да ги оправдаат сите суперлативи на успесите, наградите, признанијата и квалитетот на образовниот процес низ сите овие години.
Оваа година под мотото „Љубов, Love, Liebe!“ сите заедно испраќаме силна порака за љубов, мир, единство, среќа и другарство.
Значајно место во нашето училиште има драмската секција. Учениците уживаат да ги толкуваат улогите на нивните врсници од прочитаните дела, посебно ако станува збор за тема за нив блиска и омилена, на пример љубовта.
Нашите деветтоодделенци ги одиграа улогите на Споменка, Бојан, Анка, Душица, Никола, Вера и други, во адаптираната сценска изведба на романот за деца „Споменка“ од Горјан Петревски.
Врв на нашето задоволство беше и присуството на авторот на романот Споменка, Горјан Петревски кој не почести со неговото присуство и со убав говор на крајот од оваа наша завршна манифестација ги поздрави присутните.
Нека ни е честит патрониот празник!