Затворениот и функционален поливалентен простор во Училиштето е естетски и наменски уреден.
Тој претставува функционално место за презентација на резултатите од воннаставните активности, претставувања на училиштето како воспитно образовна институција, професионална ориентација на учениците, промовирање на квалитетите и вредностите кај учениците како и простор кој се користи за одбележување на значајни датуми.
Во вечерните часови овој простор добива друга намена. Во него има пристап и пошироката локална заедница.>