
Регионалните натпревари во одбојка за основни училишта во машка конкуренција се одржаа на 23.4.2025 година во Штип. На турнирот учествуваа екипите на ООУ „Сандо Масев“ – Струмица, ООУ „Кристијан Тодоровски – Карпош“ – Куманово и ООУ „Блаже Конески“ – Велес. Нашата екипа на ООУ „Блаже Конески“ – Велес го освои првото место и се здоби со право на учество на државните натпревари. Честитки за учениците екипата од нашиот одбојкарски тим и голем успех на државните натпревари!