ТРИУМФ НА АНГЛИЧАНИТЕ!

На ден 18.05.2024 година (Сабота) во Скопје во просториите на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ се одржа Државниот натпревар по англиски јазик за учениците од V-IX одделение. Во многу јака конкуренција, со учество на повеќе десетици ученици во секоја генерација од повеќе градови низ Републикава, нашите талентирани ученици постигнаа големи успеси освојувајќи ги првите места, со што уште еднаш докажаа дека се најдобри и се наша гордост. Мартин Попов V – 1 – II награда (ментор: Даниела Димовска) Аника Панова V – 5 – III награда (ментор: Александра Пановска) Анна Наумова VI – 1 – II награда – трето место на државно ниво (ментор: Даниела Димовска) Нена Андова VII – 1 – II награда (ментор: Ана Јанчева Глушкова) Тамара Николова VII – 4 – III награда (ментор: Ана Јанчева Глушкова) Ева Јаковлевска VIII – 2 – II награда – четврто место на државно ниво (ментор – Даниела Димовска) ЧЕСТИТКИ за постигнатиот успех на сите УЧЕНИЦИ и нивните наставници – ментори !