За проектот
Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието е проект на УСАИД во Македонија што го спроведува Македонскиот центар за граѓанско образование, додека обуката беше подготвена од страна на Центарот за човекови права и разрешување конфликти, како партнер организација. Основна цел на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието е зголемување на разбирањето кај пошироката јавност за придобивките за сите граѓани, што произлегуваат од интегрирањето на образовниот систем во Р. Македонија. Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието работи на создавање на политичка, социјална и економска клима потребна за Македонија да постигне одржлива интеретничка интеграција во училиштата, во останатите образовни институции, па и во целото општество. Во фокусот на проектните активности се негување, охрабрување и интегрирање н мултиетничките и мултикултурните вредности, образување и надградување како на учениците, наставниците и вработените во училиштата, така и на родителите и заедницата, преку негување на хармонични односи кои се темелат на почитување на разликите, градејќи притоа едно мултиетничко општество.
Нашето училиште е вклучено во овој проект уште од август, 2012 година, и е едно од лидерите носачи во исполнувањето на серија активности, дружења, натпревари, самостојно и со партнер училиштата. Согледувајќи ја значајноста на овој проект, нашето училиште пристапи кон сериозен однос кон негово спроведување и активно се вложи во организирање на низа активности кои беа спроведувани во училиштето, самостојно, како и со училиштата во кои учат ученици од различни етнички заедници.
Самостојни МИО активности:
- Работилници по предметот ОЖВ поврзани со теми од МИО:
Реализатори: Сите наставници од прво до деветто одделение во училиштето според претходно изготвени план и програма за истите
( континуирано во текот на целата учебна година ).
- Наставни часови по разни предмети, како од одделенска, така и од предметна настава, на кои се обработени теми од МИО.
- Апликација од страна на наставници за МИО сертифицирање .
Активности од МИО на ниво на училиштето:
- Изготвување на МИО планирање и МИО акционен план за планирани активности .
- Презентација на МИО извештаи секоја учебна година пред наставничкиот кадар и стручната служба, со цел согледување на реализираните МИО активности во претходната учебна година и поделба на инструменти за планирани МИО активности во тековната година.
На ден 11.03.2016 год. во нашето училиште се одржаа МИО активности во соработка со ОУ „Лирија“ с. Горно Јаболчиште со наслов „Баклавата симбол на нашите празници“ .Активностите беа дел од проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието чија основна цел е надминување на разликите во однос на етничката и верската припадност .Учениците се запознаа со начинот на прославување на празниците Прочка и Бајрам и најдоа многу сличности кои не поврзуваат и обединуваат.
>