ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА УПИС ВО I (ПРВО) ОДДЕЛЕНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2025/2026 ГОДИНА ВО ООУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ – ВЕЛЕС

Општинското основно училиште „Блаже Конески“ – Велес, Ве известува дека запишувањето на деца во I (прво) одделение ќе биде во месец мај 2025 година односно секој работен од 1 до 31 мај од 8 до 16 часот.

Во прво одделение се запишуваат деца кои до крајот на календарската 2025 година ќе наполнат шест години односно се родени во 2019 година. По исклучок, во прво одделение може да се запишат и деца кои ќе наполнaт шест години до 31 јануари наредната 2026 година односно се родени до 31 јануари 2020 година, по претходно поднесено Барање од родителот/старателот и добиено Мислење од педагогот или психологот во Училиштето.

Сите деца кои припаѓаат на реонот на ООУ „Блаже Конески“ – Велес, на домашна адреса ќе добијат Покана со закажан термин за опсервација, на кој треба да се придржуваат.

На денот на опсервацијата треба да се донесат следните документи:

– Копија од извод на матична книга на родените;

– Потврда за примени задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа;

– Потврда за стоматолошки преглед на детето издадена од надлежна здравствена установа;

– Потврда од извршен офтамолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа;

– Доказ дека според местото на живеење, припаѓате на реонот на ООУ „Блаже Конески“ (копија од лична карта);

– При запишување на дете со попреченост во прво одделение родителот/старателот е должен да достави мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.

 

Сите родители/старатели на деца за упис во прво одделение кои не добиле Покана за опсервација на домашна адреса, а живеат на реонот на ООУ „Блаже Конески“ – Велес до 10.5.2025 година треба да дојдат во просториите на Училиштето и да пополнат Пријава за упис или истата Пријава да ја пополнат електронски, да ја потпишат и скенирана да ја испратат на [email protected] По поднесувањето на Пријава за упис, Училишната комисија ќе ги контактира и ќе ги извести родителите/старателите за термин за опсервација.

Пријавата за упис може да ја симнете ТУКА или испечатена да ја подигнете од главниот влез на Училиштето.

 

Улици кои припаѓаат на реонот на ООУ „Блаже Конески“ – Велес:

– „8ми Септември“ (Маршал Тито) непарни броеви од 1 55 и парни броеви од 2 до 36

– „8ма Велешка Бригада“;

– „Алексо Демниевски-Бауман“ парни броеви од 2-16 и непарни броеви од 1-39;

– „Андон Шулев“;

– „Андреја Дамјанов“ (Костурска 2);

– „Бане Андреев – Ронката“;

– „Благој Абрашев“;

– „Благој Нечев“;

– „Благој Ѓорев“ – парни од 2-34, а непарни од 1-99;

– „Васил Ѓоргов“;

– „Гаврило Радомир“ (Титова Кореничка);

– „Гоце Делчев“;

– „Даре Џамбаз“;

– „Димче Мирчев“;

– „Илија Климкаров“;

– „Киро Ќучук“;

– „Костадин Бодин“;

– „Коле Дрнков“;

– „Костурска“;

– „Кукушка“;

– „Лазо Осмаков“;

– „Лазо Трпковски“;

– „Љубљанска“;

– „Милан Страчков“;

– „Мирка Гинева“;

– „Никола Вапцаров“;

– „Никола Оровчанец“;

– „Орце Мартинов“;

– „Пајак Планина“;

– „Петре Алчев“;

– „Ризо Ризов“;

– „Рилски Конгрес“ (Игманска);

– „Самоборска“;

– „Сараевска“;

– „Скопска“;

– „Солунска“;

– „Страшо Пинџур“;

– „Стеван Бобевски“;

– „Тодор Ацев“;

– „Тодор Јанев“;

– „Трајко Панов“;

 

 

 

Училишна комисија за упис во прво одделение

Пенчо Андреев

Марија Јорданов

Весна Брчкова

 

Директор

____________________

Маја Коруновска