
Прво место за нашите херои во црвено! Со голема радост и гордост ве известуваме дека нашата екипа освои прво место на 48-от Натпревар по прва помош под менторство на наставничките по биологија Ружица П. Николовска и Весна Мешкова во организација на ООЦК Велес, кој се одржа на 23.04.2025 година во дворот на СОУ Гимназија „Кочо Рацин“! Честитки за нашите ученици кои со своите вештини, знаење и тимска работа уште еднаш покажаа дека хуманоста и посветеноста се секогаш победничка комбинација! Посебна благодарност упатуваме и до нашите ученици кои со својот придонес во улога на модели-манекени помогнаа во реализацијата на натпреварот и го направија уште пореалистичен и поуспешен!