„Мојот другар за прв пат во мојот град”
За изработката на овој проект, учениците беа избрани од страна на менторот – наставник по англиски јазик Даниела Димовска. Меѓусебно се договорија да го изработат на македонски и англиски јазик како Power Point презентација затоа што сметаат дека со нивното дручарче од друга држава би комуницирале на англиски јазик. Улогите сами си ги определија според нивните способности.
Ученик Ања Трајковска ја организираше презентацијата, ја набљудуваше работата на другите ученици, ја преведе и ја направи конечната верзија.
Ученик Тамара Стефанова истражуваше за делови од градот кои ги определија да ги претстават на презентацијата.
Ученик Теона Гаштарска помагаше со склопувањето на презентацијата заедно со истражување на одредени работи и ја направи конечната македонска верзија.
Ученик Мерт Хасанов фотографираше и помогна во смислување на текстот за презентацијата.
Ученик Матеј Славески ги фотографираше поважните градби и знаменитости.
Сите се ученици од IX-1 одделение и го освоија првото место.
Честитки за креативноста и постигнатиот успех!