По повод 28-Ноември – Ден против трговија со крзно, Еко- одборот од нашето училиште организира активност за одбележување на овој ден. Презентацијата ,,Заштита на животните“ ја изработија ученичките Марија Ѓошева и Саша Ташев од VI-4 одд. Презентацијата ја следеа учениците на одделенскиот час. Целта на оваа активност е да се подигне свеста кај учениците за заштита на животните од нивно изумирање.