5 Октомври – Меѓународен ден на пешаците !

Еко одборот од нашето училиште организираше активност во која на случајни минувачи од нашиот град им беа поделени промотивни флаери во кои се нагласува важноста од пешачењето и физичката активност. Целта на оваа активност е да се подигне свеста на нашите сограѓани за намалување на загадувањето и да се промовираат здрави навики на живеење.