Денес по повод Месецот на книгата во локалната библиотека “Гоце Делчев” ученици од четврто и петто одд. под менторство на одд.наставници Светлана Бобевска, Донка Павлова и Весна Јовевска активно учествуваа во креативната книжевна работилница организирана од Ксенија Маказлиева Трајчева – писател за деца и уредник на детските списанија Развигор, Другарче и Росица.
По повод 30 години од објавувањето на првиот расказ “СПИРКО” во списанието РАЗВИГОР и 20 години континуиран уредувачки стаж како уредник на списанијата РОСИЦА и ДРУГАРЧЕ во Редакција ДЕТСКА РАДОСТ при ПРОСВЕТНО ДЕЛО учениците изведуваа активности, драматизации и се претставија со лични творби со што ја збогатија денешната работилница.
Голема благодарност до домаќините и организаторите на манифестацијата.