Драго, наше училиште Ние, децата, продолживме да се дружиме со тебе, иако училниците твои останаа празни и осамени. Продолживме со песна и смеа, испрашување и дошепнување, со дежурни ученици, со граматика и математика. Пак се дружевме и учевме, повторувавме и читавме, рецитиравме и глумевме, вежбавме и цртавме. Училиштето беше празно, но нашите срца беа полни. Станавме посложни, поупорни, повешти и похрабри. И извлековме голема порака – треба да се сакаме и почитуваме ,но и да продолжиме безгрижно да сонуваме. Училиште наше, те носиме во срцето каде и да сме. Ти си незаменлив дел од нашето детство. Се гледаме во септември!
>