Со голема чест и гордост го одбележуваме Денот на нашето училиште и 43 години постоење, работа и континуиран напредок. Од „Новото школо“ до современа образовна институција, нашето училиште останува верно на вредностите на знаењето, иновациите и ученикот во центарот на образовниот процес.
Горди сме што го носиме името на академик Блаже Конески, симбол на македонскиот јазик, култура и идентитет, и што со генерации градиме млади луѓе подготвени за иднината.
Оваа година празникот го одбележуваме под мотото
„Љубовта и човечноста – светилки во темнината“ – под менторство на наставничката Иванка Славковска, испраќајќи силна порака за мир, разбирање и почит кон секој човек.
Нека ни е честит патрониот празник!
