Горди сме на нашите најдобри !!!

Во рамки на одбележувањето на 9 Ноември – денот на Општина Велес, беа доделени признанија на најуспешните ученици и ментори од основните училишта во Општина Велес. Оваа година, од нашето училиште беа наградени 36 ученици и 15 ментори, кои со својот труд, знаење и упорност го заслужија ова признание. Со голема чест им честитаме на сите наградени ученици и наставници за постигнати резултати во текот на учебната 2024/2025 година. Вашите успеси се гордост за целото училиште и поттик за нови генерации ученици да веруваат, создаваат и постигнуваат!