ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА УПИС ВО I (ПРВО) ОДДЕЛЕНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2026/2027 ГОДИНА ВО ООУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ – ВЕЛЕС

 

Општинското основно училиште „Блаже Конески“ – Велес Ве известува дека запишувањето на деца во I (прво) одделение ќе се врши во месец мај 2026 година, односно секој работен ден од 1 до 31 мај, во период од 8 до 16 часот.

Во прво одделение се запишуваат деца кои до крајот на календарската 2026 година ќе наполнат шест години, односно деца родени во 2020 година. По исклучок, во прво одделение може да се запишат и деца кои ќе наполнат шест години до 31 јануари 2027 година, односно деца родени до 31 јануари 2021 година, по претходно поднесено барање од родителот/старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

Сите деца кои припаѓаат на реонот на училиштето, на домашна адреса ќе добијат Покана за упис со закажан термин за опсервација на детето, кој треба да се почитува.

На денот на опсервацијата треба да се донесат следните документи:

  • Копија од извод на матична книга на родените за детето;
  • Потврда за примени задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа;
  • Потврда за стоматолошки преглед на детето издадена од надлежна здравствена установа;
  • Потврда од извршен офтамолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа;
  • Доказ дека според местото на живеење, припаѓате на реонот на ООУ „Блаже Конески“ (копија од лична карта на родителот/старателот);
  • При запишувањето на детето со попреченост во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави и проценка за попреченост од системот за проценка на лица со попреченост, за дополнителна образовна поддршка.

Сите родители/старатели на деца за упис во прво одделение кои не добиле покана за упис, а живеат на реонот на ООУ „Блаже Конески“ – Велес, треба најдоцна до 15.05.2026 година да дојдат во просториите на училиштето и да пополнат пријава за упис. По поднесувањето на пријавата за упис, училишната комисија ќе ги контактира и ќе ги извести родителите/старателите за термин за опсервација на детето.

Пријавата за упис може да ја подигнете во печатена форма од главниот влез на училиштето.

Улици кои припаѓаат на реонот на ООУ „Блаже Конески“ – Велес:

„8ми Септември“ (Маршал Тито) непарни броеви од 1 55 и парни броеви од 2 до 36

„8ма Велешка Бригада“;

„Алексо Демниевски-Бауман“ парни броеви од 2-16 и непарни броеви од 1-39;

„Андон Шулев“;

„Андреја Дамјанов“ (Костурска 2);

„Бане Андреев – Ронката“;

„Благој Абрашев“;

„Благој Нечев“;

„Благој Ѓорев“ – парни од 2-34, а непарни од 1-99;

„Васил Ѓоргов“;

„Гаврило Радомир“ (Титова Кореничка);

„Гоце Делчев“;

„Даре Џамбаз“;

„Димче Мирчев“;

„Илија Климкаров“;

„Киро Ќучук“;

„Костадин Бодин“;

„Коле Дрнков“;

„Костурска“;

„Кукушка“;

„Лазо Осмаков“;

„Лазо Трпковски“;

„Љубљанска“;

„Милан Страчков“;

„Мирка Гинева“;

„Никола Вапцаров“;

„Никола Оровчанец“;

„Орце Мартинов“;

„Пајак Планина“;

„Петре Алчев“;

„Ризо Ризов“;

„Рилски Конгрес“ (Игманска);

„Самоборска“;

„Сараевска“;

„Скопска“;

„Солунска“;

„Страшо Пинџур“;

„Стеван Бобевски“;

„Тодор Ацев“;

„Тодор Јанев“;

„Трајко Панов“;

 

Училишна комисија за упис во прво одделение

Ангела Спасевска Јаковлевска

Марија Јорданов

Зорица Адамчевска

 

Директор

Маја Коруновска