Преку знаење, игра и дружење го одбележавме Денот на нашето училиште

На ден 19.12.2018 (среда) се одржа квиз натпревар ,,Примена на знаењата од природните науки во животот”. Квизот го организираше Активот од природни науки, а во него учествуваа ученици од сите општински основни училишта, како и учениците од училиштата од Оризари и Иванковци. Квизот е и дел од МИО апликацијата во соработка со ОУ ,,Рајко Жинзифов”- Оризари. Играта ги имаше истите правила на друштвената игра ,, Не лути се човече” , а за точноста на одговорите беше одговорна жири комисија составена од наставници.

>