Учениците од деветите одделенија заедно со одделенските раководители ја реализираа МИМО работилницата „Линија на пријателството“. Работилницата беше реализирана во летната училница на пријателството која се направи со средства од Проектот за меѓуетничка интеграција на млади во образованието подржана од МОН, а истата беше уредувана во месец јуни и јули со помош на учениците и наставниците.
На работилницата учениците работеа во мешани групи и заеднички дискутираа за позитивните вредности на добар другар и вистинско пријателство. На крај секоја група ученици упатија пораки за пријателството и изразија желба за реализација на работилници од овој вид и во иднина.
На крај од секоја група Ви пренесуваме дел од нивните пораки: “Вистинските пријатели се како дијаманти, ретки но скапоцени”, ” Пријателството е нешто свето, треба да се грижиме да не го изгубиме”, “Без другари е лажно, другарството е важно”.
Одделенски раководители на деветите одделенија: Соња Стумбова, Јадранка Клифова, Саше Андреевски, Ристо Трајковски.>