Реализацијата на овој воспитно-образовен проект кој беше одобрен на платформата Etwinning се роди од неодамнешната приридна катастофа која го опожари и опустоши езерото Младост во месец Август кога изгоре речиси целата борова шума стара повеќе од 50 години, како и минатогодишната посета на претставници од основното училиште бр.150 од Букурешт, Романија и желбата за успешни едукативни проекти од областа на Природните науки и други јазични подрачја.
Со МИМО активностите на ООУ„ Блаже Конески “ – Велес со ОУ„Рајко Жинзифов“ – Оризари одобрени од МЦГО преку проектот „ Училишта во партнерство“ денес во предпладневите часови се реализира Еко-акција на која се приклучи и ова основно училиште од Романија чии ученици и наставници засадија 40 садници на јасен и јавор, а останатите ученици и наставници 56 садници. Овој пат нашето училиште сите одобрени средства од проектот за оваа активност ги намени за набавка на садници и алати потребни за пошумување на опожарениот локалитет. Со овој несебичен гест уште еднаш сме први и пример за сите со што ја потврдуваме нашата солидарност, несебичност, и високо развиена општествена и еколошка свест.
Цели на активноста беа развивање на нови пријателства помеѓу ученици од различна етничка припадност, развивање на еколошката свест и испраќање на заедничка порака за значењето на природата преку садење нови садници. Учениците ги засадија садниците работејќи во мешани групи и на тој начин упатија порака за останатите млади лица дека природата ни припаѓа на сите независно на која вера и нација припаѓаме , сите имаме обврска да ја чуваме и негуваме за здрав живот сега и на идните поколенија
Потоа во попладневните часови во просториите на ООУ„ Блаже Конески“- Велес се одржа двочасовна работилница „Креативна математика“ во која учествуваа 37 ученика од Романија и 37 ученика од нашето училиште.
Работилницата започна со цртањето на дрвото на пријателството, имено секој ученик остави свој печат на цртежот.
Учениците на креативен начин изработуваа:
• 3Д фигури од пластелин, цевчиња и стапчиња.
• интересни детски летала во форма на делтоид
• сонце со очила, составено од круг и триаголници
• разни танграми од триаголници и четириаголници
• преведуваа пораки за пријателството од англиски на македонски јазик и од англиски на романски јазик
• кутичиња за подарок во кои имаше порака и вкусно бонбонче, кои на крај си ги подарија меѓусебно.
Учениците покажаа голема креативност, ги споделија стекнатите знаења и стекнаа нови другарства и незаборавни спомени.Со потпишувањето на Меморандум за соработка овој проект ќе продолжи во наредниот период и се надеваме на многу успешна и плодна соработка.
Проектот го подготвија и реализираа предметните наставници:
Даниела Димовска
Тања Инѓилизова
Соња Стумбова>