ПРЕД: ПОТОА:
Во почетокот на учебната 2019/20 година се реализираше и заврши Проектот кој ја опфаќаше реконструкцијата на женските и машките тоалети во делот на одделенска настава.
Средствата за овој Проект во износ од 1.453.610,00 денари беа донирани од страна на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), имплементирани од страна на МЦГО ( Македонски центар за граѓанско образование).Голема благодарност до нив и секако благодарност до општина Велес која со свои средства се приклучи кон оваа донација. За овој Проект аплицираа околу 200 училишта од државата, а избрани беа само 12 училишта меѓу кои и нашето училиште.
Исто така сакаме да истакнеме дека овој Проект го добивме врз основа на претходно реализирани Проекти, посебно во делот на Проектот МИМО ( Меѓуетничка интеграција на млади во образованието). Овој Проект е мотив, нашето училиште заедно со тимот наставници и ученици да продолжи кон реализација на нови Проекти кои го водат по патот наречен УСПЕШНО УЧИЛИШТЕ.>