Проект „Волшебна мрежа на пријателство“

Во рамките на проектот „Волшебна мрежа на пријателство“ денес учениците од V-5 одд со наставничката Светлана Бобевска од ООУ„Блаже Конески“ Велес ја завршија хуманата задача под мотото „Нашето малку на некому многу му значи“. Ги посетија другарчињата од ПОУ„Маца Овчарова“Велес и им подарија волшебни перничиња и грст книги со нивни песни.На радоста и немаше крај.Им ја честитаа Новата 2018 год.со желби за многу здравје, радост и среќа. Успешно е завршен првиот модул на проектот„Волшебна мрежа на пријателство“. Искажуваме благодарност на учениците и родителите кои земаа активно учество во проектот.

              

>