Свечена програма „Уметноста го разубавува животот“

Во Свечената програма „Уметноста го разубавува животот“ подготвена за Денот на училиштето на 21.12. 2018 год. настапија околу стотина ученици:

  • Хорот се претстави со две песни;
  • учениците од II и  III одд.со знаковен јазик го толкуваа рефренот што го пееше Хорот;
  • учениците од IV одд. ја драматизираа народната приказна „Девојчето и дванаесетте месеци;
  • членовите на Литературната секција рецитираа стихови за животот збогатени со музичките композиции на учениците: Дора Пајдакова, Елена Шопова, Ангел Богоевски и Стефан Панчевски;
  • ученикот Стефан Анастасов го интерпретираше својот текст „Неправедна е поделбата на големи и мали“
  • Литературното читање ни го разубавија членовите на а групата The chicks, Сандра, Наталија и Моника.

Најголема награда за успешниот настап на учениците беа силното ракоплескање и задоволните лица на присутните во публиката.

>