ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА 2024/2025 ГОДИНА

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА 2024/2025 ГОДИНА 

 

Почитувани родители, драги наши ученици! 

 

На само неколку дена пред почетокот на новата учебна 2024/2025 година, дозволете да Ве известиме дека вашето училиште ООУ „Блаже Конески“ Велес е спремно на 2 Септември (понеделник) да ги отвори вратите и да ги прими сите наши ученици, започнувајќи со реализација на воспитно-образовниот процес.  

Континуирано во училиштето, преку инвестиции и проекти, се подобрува инфраструктурата и се вложува во осовременување на наставните средства и помагала следејќи ги новите стандарди на современиот воспитно-образовен процес. Во подобрени услови учениците и наставниот кадар ќе имаат можност секојдневно да учат и работат, позадоволни и помотивирани за постигнување на нови знаења и успеси.  

Нашите најмали ученици, нашите Првачиња, заедно со своите родители ги очекуваме и ќе ги пречекаме во поливалентниот простор на Училиштето во период од 9 и 15 до 9 и 30 часот. Таму топло добредојде ќе им посакаат поголемите другарчиња кои им подготвија кратка забавна програма ПРВАЧИЊА КОЛАЧИЊА ДОБРЕДОЈДОВДЕ“ со почеток во 9 и 30 часот. Потоа ќе бидат повикани и примени од нивните наставнички и заедно со нив ќе се упатат кон нивните училници, нивното ново катче на другарување, сонување и постигнувања. 

За сите ученици од II до IV одделение наставата на 2 септември започнува во 7:30 часот (храна и престој нема да има само првиот ден). 

Учениците од II одделение ќе бидат пречекани од нивните наставници во 7:30 часот кај влезот на првооделенците и заедно со нив ќе заминат во својата училница. 

За учениците од V до IX одделение наставата ќе започне во смени по следниот распоред: 

  • со прва смена започнуваат учениците од V1 и V2, VI и VIII одделение во 7:30 часот. 
  • со втора смена започнуваат учениците од V3 и V4, VII и IX одделение во 13:00 часот. 

Учениците од VI одделение од нивните одделенски раководители ќе бидат пречекани во 7:30 часот во поливалентниот простор на Училиштето и заедно со нив ќе заминат во нивните матични училници.  

Вашите деца се наша радост, наша гордост и наша иднина. Нивното образование е наш приоритет. За тоа ние, наставниците, стручните соработници и сите вработени во Училиштето нашите ученици ги почитуваме, ги поттикнуваме, ги мотивираме да ги остварат своите соништа преку стекнување на нови знаења и вештини и развивање на нивните лични потенцијали.  

На сите ученици им посакуваме успешен почеток на новата учебна година, многу другарувење, насмевки, радости, меѓусебно прифаќање и почитување!!! 

 

 

 

Со почит, 

Директор 

Јованче Манасков