ЕДУКАТИВНА. РАБОТИЛНИЦА

На ден 27.9.2022 година, нашето училиште организираше едукации во соработка со Секторот за превенција при МВР Велес, на актуелни теми поврзани со однесувањето на учениците (булинг). Во овие едукации беа опфатени учениците од VI до IX одделение.

Едукацијата ја реализирaa полициски служеници при Отсекот за превенција на СВР Велес во соработка со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Велес и ОКП при СВР Велес под мотото ,, Насилството раѓа насилство “.

 

Основна цел на едукативната работилница беше подобрување на безбедноста на учениците во образовно – воспитната установа, како и намалување на сите облици на насилство помеѓу учениците.