,,Поетски пораки за Конески,,

Во чест на стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески, Фондацијата за македонски јазик ,,Небрегово,, на 07.09.2022 година во родното село на Блаже Конески, Небрегово ја промовираше збирката ,,Поетски пораки за Конески,, (100 години од раѓањето).

Нашето училиште учествуваше на манифестасијата со свои преставници од редот на наградени ученици: Елена Кузманова, Христијан Арсов и Матеја Николова, ментори: Костадинка Атанасова и Славица Трајковска и директор  Јованче Манасков.

Во збирката во која се слави безвремената заоставнина на ликот и делото на Конески, со најголем број на творби од ученици, вкупно триесет е застапено нашето училиште кое гордо го носи името Блаже Конески.

Се надеваме дека ,,Поетски пораки,, ќе послужат како своевиден патоказ како од најмала возраст се негува и почитува грандиозното наследство и гради однос кон високите вредности во културата.