Насмеани детски ликови, возбудени родители и наставнички, нетрпеливи првачиња, љубопитни дечиња, смеа, среќа, радост и ред други позитивни емоции го исполнија денес нашето училиште. Нашите првачиња, нашите најмали и најмили ученичиња дотерани и среќни нетрпеливо чекаа да ги запознаат своите нови другарчиња и наставнички. Но нетрпеливи беа и нашите наставнички, затоа што Училиштето повторно широко ги отвори своите врати за топло добредојде на првачињата. За незаборавни мигови и дополнителна среќа и радост, низ игра и песна се погрижија нашите ученици од петтите одделенија подготвени од нивните наставнички.
Нашиот директор Јованче Манасков, не ја сокри својата возбода, радост и среќа што по повеќе од две години Училиштето повторно ги прими родителите, подготви свечена програма и најважниот ден на првачињата го направи незаборавен. Тој ги поздрави присутни им посака среќа на учениците, родители и наставниците и посака првачињата да бидат гордост на нашето училиште.