Во организација на Германско-австрискиот културно-едукативен центар Willkommen од Краљево, Република Србија, се одржа првиот круг од онлајн натпреварот по Англиски јазик на кој учество земаат учесници од Србија, Хрватска, БиХ, Словенија, Црна Гора, Виетнам, Камбоџа и Македонија. Во категоријата ученици од шесто и осмо одделение на ниво на Република Македонија, на 05.03.2022г се натпреваруваа 36 ученици под менторство на наставничката по англиски јазик Даниела Димовска и притоа учениците Димитар Бабунски и Славен Бојаџиев го освоија првото и второто место, обезбедувајќи пласман во вториот круг/полуфинале на натпреварувањето, кое треба да се одржи на 07.05.2022.
Честитки за Димитар и Славен и многу успех на полуфинале !
Честитки и за останатите ученици кои постигнаа одлични резултати!