На 24.03.2022 се одржа Националниот натпревар – Европскиот квиз на парите – еден од најзначајните меѓународни настани чија цел е финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години. Оваа година беа пријавени 516 тима од 171 одделенија односно класови од 72 основни и средни училишта од нашата земја, што упатува на голем интерес меѓу младите за овој натпревар. Натпреварот се одржи на Webex платформата и Kahoot а истиот се емитуваше во живо на YouTube каналот на Македонска банкарска асоцијација
Нашето училиште по втор пат е дел од овој значаен проект, во организација на Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност и со поддршка од Министерството за финансии и Министерството за образование и наука.
Учество земаа осум тима од нашето училиште. Во оваа голема конкуренција тимот од 9-5 одделение Тодор Пљаков и Викторија Стојанова го освои петтото место на овој национален натпревар.Тимот од 9-5 одделение Марио Јорданов и Марко Ангелов го освоија шестото место. Останатите тимови Кристијан Трајковски и Филип Ангеловски, Матеј Ѓорѓиев и Андреј Божиновски, Марија Јакимова и Јана Пљакова, Виктор Тодоровски и Иван Субиќ, Деспина Ацков и Славица Габов, Антонија Гијовска и Мија Пановска, Марија Трајкова и Петар Митиќ освоија солиден пласман под менторство на Каролина Манаскова.
Честитки за тимовите кои се во топ 10 на овој натпревар и голема благодарност за посветеноста во подготовките и одлична соработка на сите тимовите кои покажаа висока совесност за големото значење на финансиската писменост