ИНФОРМАЦИИ ЗА УПИС ВО I (ПРВО) ОДДЕЛЕНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА ВО ООУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ – ВЕЛЕС

Општинското основно училиште „Блаже Конески“ – Велес, Ве информира дека запишувањето на деца во I (прво) одделение ќе биде во месец мај 2022 година односно од 3 до 31 мај секој работен ден од 8 до 16 часот.

Во прво одделение се запишуваат деца кои до крајот на календарската 2022 година ќе наполнат шест години. По исклучок, во прво одделение може да се запишат и деца кои ќе наполни шест години до 31 јануари наредната година односно 2023 година, по претходно барање од родителот/старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во Училиштето.

Пријавувањето на деца за упис во прво одделение ќе биде во просториите на Училиштето со пополнување на Пријава за упис од страна на родителот/стрателот. По поднесувањето на Пријава за упис, Училишната комисија ќе Ве контактира и ќе Ве извести за термин за опсервација која ќе биде со физичко присуство во Училиштето.

Сите деца кои припаѓаат на реонот на ООУ „Блаже Конески“ – Велес, на домашна адреса ќе добијат Покана со закажан термин за опсервација, на кој треба строго да се придржуваат.

На денот на опсервацијата треба да ги донесете следните документи:

· Копија од извод на матична книга на родените;

· Потврда за примени задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа;

· Потврда за стоматолошки преглед на детето издадена од надлежна здравствена установа;

· Потврда од извршен офтамолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа;

· Доказ дека според местото на живеење, припаѓате на реонот на ООУ „Блаже Конески“ (лична карта).

*ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА

Се информираат родителите/старателите кои според местото на живеење, не припаѓаат на реонот на ООУ „Блаже Конески“ – Велес, а имаат потреба да го запишат

детето во Училиштето, задолжително треба да достават Согласност од училиштето во чиј реон припаѓаат и Барање на согласност за упис во ООУ „Блаже Конески“ – Велес.

Улици кои припаѓаат на реонот на ООУ „Блаже Конески“ – Велес:

„Стеван Бобевски“; „Киро Ќучук“; „Тодор Јанев“; „Никола Вапцаров“; „Бане Андреев – Ронката“; „8ма Велешка Бригада“; „Лазо Осмаков“; „“Пајак Планина“; „Мирка Гинева“; „Костурска“; „Андреја Дамјанов“ (Костурска 2); „Лазо Трпковски“; „Сараевска“; „Андон Шулев“; „Костадин Бодин“; „Љубљанска“; „Ризо Ризов“; „Даре Џамбаз“; „Рилски Конгрес“ (Игманска); „Орце Мартинов“; „Самоборска“; „Петре Алчев“; „Васил Ѓоргов“; „Милан Страчков“; „Тодор Ацев“; „Илија Климкаров“; „Алексо Демниевски-Бауман“ парни броеви од 2-16 и непарни броеви од 1-39; „Димче Мирчев“; „Солунска“; „Гаврило Радомир“ (Титова Кореничка); „Коле Дрнков“; „Страшо Пинџур“; „Гоце Делчев“; „Благој Нечев“; „Никола Оровчанец“; „Кукушка“; „Скопска“; „Трајко Панов“; „Благој Абрашев“; „8ми Септември“ (Маршал Тито) непарни броеви од 1- 55 и парни броеви од 2 до 36 и „Благој Ѓорев“ непарни од 1-99 и парни од 2-34.

Запишувањето на деца во прво одделение ќе го спроведе тричлена Комисија именувана од Директорот на Училиштето во состав: Милица Ристовска Темелковска, Марија Јорданов и Маја Пасковска.

Директор

________________

Јованче Манасков