Во нашето училиште, ООУ „Блаже Конески“-Велес, денес 21 Март, се одбележа Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром. Инклузивниот тим на училиштето организираше работилница во знакот на Шарените чорапчиња со учениците од IV одделение. Преку видеа и слики учениците се запознаа со причината за појава на овој синдром, со карактеристиките на децата со Даунов синдром, но и со можностите, способностите и правата што ги имаат лицата со Даунов синдром. Низ разговор учениците потврдија дека секој од нас е посебна индивидуа со свои посебни каректеристики и потенцијали и само преку меѓусебно прифаќање, почитување и поддржување можеме заеднички да живееме во овој свет на различности.
На крај од активноста учениците заклучија дека спектарот од различни бои на секое чорапче и различните чорапчиња формираа една убава шарена целина која само потврдува дека иако секој од нас е посебен и различен и има различни способности и потреби сите заедно сме дел од една целина.
Датум Дефектолог
21.3.2022 год. Марија Јорданов