И З В Е С Т У В А Њ Е

Се известуваат наставниците и учениците при ООУ „Блаже Конески“-Велес дека врз основа на Одлуката на втората редовна седница на Владата на Република Северна Македонија, а согласно заклучокот од Главниот координативен кризен ковид-19 штаб, почетокот на второто полугодие на учебната година се одложува, односно наставата со физичко присуство ќе продолжи на 1 февруари.

Одлуката второто полугодие да продолжи на 1 февруари нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни како што е предвидено во календарот за настаната програма за основно и средно образование, со соодветна адаптација на наставните планови.

Ја користам приликата да упатам апел до учениците и родителите максимално да се придржуваат до мерките и препораките за заштита од ковид-19, во домашни услови и на отворено.

 

Директор

_________________

/Јованче Манасков/>