На литературниот конкурс распишан од Клубот на писатели „Кочо Рацин“ на тема „Мојата новогодишна желба“ беа доделени ПРВА, ВТОРА И ТРЕТА награда по категории. Во категорија за Основно образование од 2 до 5 одделение втората награда ја освои ученикот Давид Стојанов од IV-4 одд. Блаже Конески – Велес со Ментори – Светлана Бобевска и Донка Павлова. Промоцијата на песните од учесниците – ученици од училиштата и доделување на наградите на добитниците со гостување на писатели од Клубот „Коста Солев Рацин“ Велес беа реализирани согласно условите со Ковид 19 и актуелната состојба. Честитки за освоената награда.
НАГРАДЕНА ПЕСНА:
МОИТЕ НОВОГОДИШНИ ЖЕЛБИ
Најмило дете сум јас
– од мама и тато барам спас
Новогодишна желба кажувам на глас
Ве молам, купете ми гитара-бас.
Јас сум и најсакано внуче,
од баба и дедо сакам едно куче
и една предновогодишна
прошетка со вујна и вујче.
Но јас сум и досадното братче,
но мојата сестра ми направи пакетче!
Во него многу чоколади и бонбонче
ги поделив со моето училишно другарче.
Но, моја најголема новогодишна желба
Секое дете да добие пакетче и веселба
да нема веќе солзи, да нема глад
верувајте другарчиња, Дедо Мраз е на пат.
Давид Стојанов
>