ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА СО УЧЕНИЦИТЕ ОД ЧЕТВРТО ОДДЕЛЕНИЕ

Во нашето Училиште се спроведе успешна новогодишна хуманитарна акција со учениците од четврто одделение. Сите ученици заедно со нивните наставници донираа играчки, забавни игри, плишани играчки, храна, книги, сликовници, училиштен прибор и облека. Истите им ги предадоа на волонтерите на Клубот на млади на Црвен крст општинска организација Велес. На овој начин ќе им ги разубават празниците на нивните врсници кои живеат во семејства од социјален ризик, но и на оние кои се сместени во згрижувачки центри.

>