Новогодишен базар

Нашето училиште  учествуваше на  хуманитарниот Новогодишен базар организиран од Општина  Велес. Новогодишниот базар се одржа пред  театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“. Нашите ученици изработија  новогодишни рачни изработки (украси, честитки итн.) кои  се продаваа по симболична цена, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.