Денес на свечен и убав настан беше промовирана книгата „Годишнивремиња“ од најмладите велешани учениците од IV -5 одд. од ООУ „БлажеКонески“ кои чекорат по стапките на својот сограѓанин Кочо Рацин.
Госпогата Вера Благојевиќ им ги врачи благодарниците за учество на сите деца поети и го прогласи изборот за Дете – поет на годината со доделување на највисоката награда – таблет.
Највисоката награда Дете- поет на годината за 2018 год. ја понесе малата поетеса Деспина Грданова доделена од Здружението Ма-Бих во соработка со госпоѓата Вера Благојевиќ.
И нивните ментори Светлана Бобевска и Донка Павлова се закитија со благодарници и уметнички слики како спомен од оваа убава промоција.
Како добар домаќин училиштето ООУ„БлажеКонески“ доби комплет книги за училишната библиотека и комплет книги за малите поети за одделенската библиотека на IV -5 одд. Учениците беа наградени од слаткарницата Дизни – Магде “со прекрасна торта и слатки задоволства од „АлфаМаркети“ доделени од Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“- Велес.
Честитки за сите и многу успеси во иднина.
>