
Учениците и вработените од ООУ,,Блаже Конески“ денес на 20.4.2018г. ,во пресрет на 22 Април -Денот на планетата Земја, а на покана на Здружението на граѓани ОХО, кое е национален координатор на Програмата за еколошка едукација и во соработка со МОН и ФЕЕ, по седми пат ги организира Светските денови на акција на меѓународно ниво . Училиштето се вклучи со реализација на иновативни идеи за подигнување еколошката свест и создавање позитивни промени кои ќе доведат до поодржлива иднина. Активности кои се вредни за спомнување покрај редовните собирни акциии на пластика и хартија беа и собирање на електронски отпад ,батерии и сл..
Иновација беше вклучувањето на локалното население кое гравитира околу Училиштето во сите собирни акции и активности. Со задоволство можеме да истакнеме дека имавме масовно вклучување и на родителите и на бизнис-секторот во овие собирни акции. За поздравување беше и уредувањето на внатрешноста на Училиштето со цртање и фарбање со еколошки бои и со пригодни пораки за нашите ученици. Резултатот од овие активности се собрани 410 кг пластика ,1410 кг хартија , 7кг батерии, 10-тина парчиња електронски отпад .
>