ООУ ,,БЛАЖЕ КОНЕСКИ’’-ВЕЛЕС ДОМАЌИН НА ДЕЛЕГАЦИЈА ОД БУКУРЕШТ, РОМАНИЈА

На ден 26.04.2018 нашето училиште беше домаќин на делегација од Școală gimnazială nr. 150 Sector 5, Букурешт, Романија.Група од 29 ученици и околу 15 наставници и родители го посетија ООУ Блаже Конески- Велес со цел потенцијална соработка и збратимување на меѓунарно ниво. Во знак на одбележување на минатонеделната посета, делегацијата од Романија донираше и засади петнаесет трендафили во училишниот двор.

Гостите беа пречекани со програма  подготвена од наставниците и ученцици од ООУ Блаже Конески како и со настап на фолклорниот ансанбал Вила Зора-Велес. По официјалниот дел и поздравниот говор од директорот, Јованче Манасков, учениците од двете училишта имаа несекојдневна можност за неформална средба и меѓусебно запознавање. За краток период тие разменија свои искуства за училиштето и секојдневниот живот, за сличностите и разликите помеѓу двете земји.

Нашите млади домаќини со ентузијазам го презентираа училиштето преку кратка обиколка на училиштната зграда и дел од училниците каде се изведува кабинетска настава.

>