
Рунда во Струмица – 11 и 12 Април, 2018 година
На покана на Гимназијата “ Јане Сандански” од Струмица чии ученици минатата година учествувале на овој светски натпревар во Дубаи, Атина и Универзитетот Јеил- САДтимот наставници по Англиски јазик зема учество на натпреварот и тоа:
Даниела Димовска (63 ученика- 21 тим)
Ана Јанчева Глушкова (27 ученика- 9 тима)
Александра Пановска (6 ученика- 2 тима)
Учениците се натпреваруваа во категоријата Јуниори до 15 години во повеќе дисциплини како : дебата, пишување есеи, ученички предизвик и квиз во следните области: Историја –Дипломатија, Литература, Наука – Меморија, Човечки односи, Социјални науки- Црните Пазари, Уметност и Музика.
Од вкупно 96 ученика освоивме околу 150 златни, 200 сребрени медаљи и околу 20 тимски златни и сребрени трофеи. Повеќе тимови обезбедија директно учество и официјална покана за Глобалната рунда во Барселона од 22-27 Јули, 2018 год.
За најдобар учесник на натпреварот беше прогласен ученикот Лука Мидоски од 8-3 одделение (ментор – Даниела Димовска) со 10 златни, една сребрена медаља и 3 тимски трофеи ( од кои еден за 2 место во сите категории со својот тим), а воедно и за најдобар дебатер во категоријата Јуниори.
Честитки за сите ученици за одличниот успех и постигнати резултати.
>