Конференција на високо ниво: Проширување на акцијата за ставање крај на насилството врз децата на Западен Балкан

На Меѓународната конференција за проширување на акцијата за ставање крај на насилството врз децата на Западен Балкан Скопје, Република Северна Македонија присуствуваа директорот на училиштето Јованче Манасков и психологот Милица Ристовска Темелковска.

На Конференцијата од високо ниво учествуваа: Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија , Венко Филипче, министер за здравство, Арбер Адеми, министер за образование и наука, Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика,  Патриција ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ,  Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската унија  и  останати  министри и нивни заменици од Србија, Црна Гора и Албанија.

На оваа конференција им се  даде можност на земјите од Западен Балкан да споделат позитивни практики и да ги здружат напорите за ставање крај на насилството врз децата.

Конференцијата се одржа во хотел Дабл Три Хилтон, Скопје.

       

 >