Учениците од VII-те одделенија на нашето училиште го посетија Собранието на Република Северна Македонија и се запознаа со основната законодавна функција на Собранието, основите на демократското уредување, историјата на парламентаризмот во држвата и сл. Воедно, учениците ги посетија најрепрезентативните простории од собраниската палата и низа забава и едукација се запознаа со вредноста и значењето на собраниските уметнички артефакти од непроценливо значење за македонската култура. Меѓутоа, дополнително и најинтерсно, учениците учествуваа во организрана дидактичка симулација на пленерна седница на Собранието за разгледување и донесување на предлог-измени на Законот за основно образование во која учениците успешно играа улоги на пратеници кои низ собраниска дебата донесоа законски решенија со кои ќе се подобри образовниот процес.
>