Работилница: Меѓународен ден на лицата со попреченост

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 Декември, во нашето училиште, ООУ „Блаже Конески“ Велес, дефектологот Марија Јорданов и психологот Милица Ристовска Темелковска реализираа работилници со учениците од II и III одделение под мотото „Да ги прифатиме разликите, да чекориме заедно кон успехот“. Преку изработка на постер учениците ги искажаа правата на сите деца без разлика на нивниот пол, мајчин јазик, религија, култура, социо-економска состојба и дали децата имаат попреченост. Учениците ги искажаа и своите мислења за еднаквоста и разликите што постојат меѓу децата, како и што тие сакаат и можат заедно да прават со децата со попреченост. Низ разговор и дискусија учениците потврдија каков треба да биде нашиот однос кон деца со попреченост, како и кон сите деца кои имаат различна карактеристика од самите нив. Тие активно слушаа, имаа многу прашања за деца со попреченост, но и самостојно и јасно искажаа дека љубовта, почитувањето и прифаќањето се единствен начин на заедничко живеење во овој свет на различности. Спектарот од различни форми и бои на постерот формираа една убава шарена целина која само потврдува дека иако секој од нас е посебен и различен и има различни можности, способности, потенцијали и потреби сите заедно сме дел од една целина.

 

 

 

Дефектолог Марија Јорданов

Психолог Милица Ристовска Темелковска

 

 

 

 

 

 

 >