Работилницата „Креирај едукативни активности за најмладите“ е креирање на игри за деца од 3 до 10 години, која се одвиваше во Хотел Порта, Скопје. На дводневната работилница, од 15 ти до 16 ти ноември, се изработуваа дидактички материјали и игровни активности за спроведување на наставни часови кои подоцна ќе бидат јавно достапни и отворени за користење на националната веб платформа за образование.
Платформата за образование ќе биде место каде што одделенски наставници, воспитувачи и родители ќе можат да пронајдат материјали и инспирација за подобро спроведување на часовите, за имплементирање на нови начини на учење преку игра и креативни алатки за поттикнување на социо-емоционалниот развој кај децата. Националната веб платформа за образование има за цел да прерасне во дом на голем број материјали и игри за едукација.
Од нашето училиште имаше тим кој учествуваше на оваа работилница, одделенските наставници Вера Трчкова, Роска Петрова, Ленче Зографска и Цветанка Велинова.
Работилницата „Креирај едукативни активности за најмладите“ ја организира СмартАп – Лабораторија за социјални иновации во склоп на проектот „Поставување на поволно опкружување за подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку ко-креирање и иновации“. #Inno4Edu кој е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје, Министерството за труд и социјална политика, Бирото за развој на обрзование, Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ.
>