16 Октомври – Светски ден на храната

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЗНАЧАЈНИ ДЕНОВИ ОД ЕКОЛОШКИОТ КАЛЕНДАР

Во рамките на реализација на Планот на активности од Еколошката програма во нашето училиште се реализираат сите позначајни датуми од еколошкиот календар .Така по повод 16 Октомври –Светскиот ден на храната беа одржани едукативни предавања за нашите ученици.Со однапред подготвени ПП презентации членови  од Еко одборот при нашето училиште ги запознаа учениците со составот на храната, важноста на храната во нашите животи и за нашето здравје, како и за правилниот избор на здрави продукти во нашата исхрана. Како дополнителна активност беше презентирање на практично селектирање на отпадот во корпите за различни видови отпад поставени насекаде низ нашето училиште.

 >