ЕДУКАЦИЈА – УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“

Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес продолжува со активностите во рамки на одбележувањето на месецот на борба против болести на зависност.

По тој повод, на 28-ми ноември во ООУ„Блаже Конески“ се одржа едукација за учениците од осмо и деветто одделение. Пред повеќе од 40 присутни говореше Верољуб Додевски началник на отсек за превенција при СВР Велес. Тој ги објасни видовите на дроги, нивното влијание врз здравствената состојна на корисниците, штетните последициод користењето на овие супстанции, начините на превенција како и казнените одредби при прекршување на Законот при производство и пуптање во промет на наркотични дроги.

Едукативната сесија заеднички ја организираа Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес и ООУ „Блаже Конески“, со вклученост на СВР Велес

>