“Сите сме различни, а сите сме исти”-“We are all different-yet we are the same”

По повод патрониот празник на средното училиште СОУ”Димитрија Чуповски” ученици од нашето училиште земаа учество на литературниот конкурс по македонски јазик и ученичката Кристина Купенкова од VII-4 одд. со својата песна го освои второто место со ментор Стефани Андреева.

На истиот конкурс учениците по англиски јазик имаа задача да изработат стрип и следните беа наградени: Ема Неделкова и Сара Ѓоргиева од VII-4 ( 2 место) Јана Чокова од IX-2 (3 место) Тамара Илијевска од IX-4 (пофалница) Ментор: Даниела Димовска

>