ЕКО самит „ЕКО училиште – ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ“

Нашето училиште учествуваше на деветиот по ред ЕКО самит, кој се одржа во хотел Континентал во Скопје на ден 16.11.2018 год.  По краткото излагање на организаторот на ОХО-проектот господинот Пеце Талески, како и заменик министерот за образование и министерот за животна средина, се реализираше свеченото доделување на Зеленото знаме – Интернационално признание за ЕКО  воспитно-образовна институција.Критериуми за наградување на ЕКО-училиштата со Зелено знаме се: успешна реализација на 7 чекори ЕКО-менаџмент, интегрирање на 9 еколошки теми во наставата и постигнати резултати од реализацијата на ЕКО-стандардите.. Благодарност до сите кои помогнаа во спроведувањето на активностите за да се стекнеме со статус „ЕКО  училиште- Зелено знаме“.

>