На 16 и 17 ноември 2018 год. се одржаа „Средби под јаворите – Видое Подгорец“ во Струмица. На свеченото отворање во НУЦК „Антон Панов“ се доделија награди на ученици и ментори за 1, 2 и 3 место по категории.
Ученичката Деспина Грданова 5 одд. од ООУ „Блаже Конески“ Велес, е наградена за најдобра песна на литературниот конкурс на манифестацијата „Средби под јаворите – Видое Подгорец“ 2018 год. во конкуренција од 600 творби, втора категорија 4 и 5 одд. на ниво на Република Македонија под менторство на Светлана Бобевска. Голема благодарност за одличната организација на настанот до Организаторите во Струмица, Колешино и Просветно дело.
.
Наградената песна:
Мојот сон
Мојот сон е среќен свет
убав како шарен цвет,
луѓе среќни, без солзи в очи
радост и смеа сегде да точи.
Безброј деца весели и мили
оркестар голем да свири,
нежни песни безгрижно да пеат,
шарени ноти низ светот да леат.
Виножито над нашите глави
секој од нас да го слави,
нас среќни да не прави
свет со љубов нека гради!
Деспина Грданова Ⅴ-5 одд
Ментор: Светлана Бобевска
ООУ„Блаже Конески“ Велес>