ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА УЧЕБНАТА 2026/2027 ГОДИНА!

Почитувани родители и ученици,
Со почетокот на новата учебна година, Општинското основно училиште „Блаже Конески“ – Велес на 1 септември 2026 година, вторник, го започнува воспитно-образовниот процес за учебната 2026/2027 година. Училиштето е подготвено за новите предизвици и активности, со создадени услови за непречено одвивање на наставата и пријатна средина за учење и работа. Со заеднички ангажман, посветеност и позитивна енергија, продолжуваме да градиме училиште во кое секој ученик ќе има можност да учи, да се развива, да ги открива и надградува своите способности и да постигнува успеси.
Добредојде им посакуваме и на нашите најмали ученици, првачињата, за кои започнува едно ново и значајно поглавје во нивниот живот. Учениците од Прво одделение, заедно со нивните родители, ги очекуваме на свечениот прием во поливалентниот простор на училиштето, во периодот од 9:15 до 9:30 часот. Во 9:30 часот ќе започне кратка забавна програма под мотото „Првиот чекор кон големите соништа“, подготвена за нив од нивните поголеми другарчиња. По завршувањето на програмата, првачињата ќе бидат повикани од своите наставнички и, заедно со нив, ќе заминат во своите училници, каде што ќе го направат првиот чекор во едно ново патување исполнето со учење, дружење, нови пријателства, незаборавни моменти и големи соништа.
Ученици од II до IV одделение
Наставата за учениците од II до IV одделение започнува во 7:30 часот. На првиот наставен ден нема да се организира исхрана и продолжен престој за нив.
Учениците од II одделение ќе бидат пречекани од своите наставнички на влезот од прво одделение, по што заедно ќе се упатат во своите училници.
За учениците од V до IX одделение, наставата ќе се одвива во две смени:
Прва смена – од 7:30 часот:
V-1 и V-4 одделение
VI одделение
VIII одделение
Втора смена – од 13:00 часот:
V-2 и V-3 одделение
VII одделение
IX одделение
Учениците од VI одделение ќе бидат пречекани од своите одделенски раководители во поливалентниот простор во 7:30 часот, по што заедно ќе се упатат во своите матични училници.
Секој ученик е важен дел од нашето училиште и наша заедничка одговорност е да му овозможиме услови за учење, развој и напредок.
Наставниот кадар, стручната служба, директорот и сите вработени во училиштето и во новата учебна година ќе бидат посветени на создавање поддржувачка, безбедна и поттикнувачка средина во која учениците ќе можат слободно да учат, да ги развиваат своите способности и да ги остваруваат своите цели.
На сите ученици им посакуваме среќен и успешен почеток на учебната година, исполнет со нови знаења, пријателства, убави моменти и многу успеси!
Со почит,
ООУ „Блаже Конески“ – Велес