ВТОРО МЕСТО НА ФИНАЛЕ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ WILLKOMMEN НАТПРЕВАР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Во организација на Германско-австрискиот културно-едукативен центар Willkommen од Краљево, Република Србија, се одржа и последниот финален круг од онлајн натпреварот по Англиски јазик на кој учество земаат учесници од Србија, Хрватска, БиХ, Словенија, Црна Гора, Виетнам, Камбоџа и Македонија. Во категоријата ученици од осмо одделение, а оваа учебна година деветто одделение на ниво на Република Македонија, на 09.11.2022г се натпреварувааше ученикот Славен Бојаџиев од 9-1 одделение под менторство на наставничката по англиски јазик Даниела Димовска и го освои второто место. Честитки за Славен кој не направи многу горди со постигнатиот успех.