Државен натпревар по математика

Со години наназад, учениците од ООУ „Блаже Конески“ од Велес се солидно пласирани и освојуваат награди на регионалните и државните првенства по математика. И оваа година не беше исклучок. На ден 14.5.2022 год. (сабота) се одржа државниот натпревар по математика
Осум ученици се пласираа на државното првенство, а освоија четири награди и три пофалници

Ученик одд ментор
Ивор Гелев 6 Лидија Грбева 3 награда
Андреј Ѓорѓиев 6 Лидија Грбева 3 награда
Ева Стоилковска 6 Лидија Грбева пофалница
Христијан Арсов 7 Соња Стумбова 2 награда
Панче Крстев 8 Тања Инѓилизова 3 награда
Снежана Митровска 8 Тања Инѓилизова пофалница
Ања Трајковска 8 Тања Инѓилизова пофалница

 

Се разбира, најзаслужни за успехот се самите ученици коишто редовно и во целост ја совладуваат наставната материја и вредно се подготвуваа за натпреварите, но не е мал и придонесот на предметните наставници коишто ги водеа учениците низ процесот на учење и подготовка.